Престрелка пред џамија во Данска

Данската полиција соопшти дека при вооружен престрелка во близина на џамија во Копенхаген загинал еден човек и еден е ранет. Престрелката се случила пред џамијата , штом завршила молитвата за празникот Рамазан, кога верниците оделе кон паркингот. Еден од сведоците изјавил дека на престрелката и претходела жестока расправија на две групи млади луѓе.