НАТО бомбардира воени објекти во Сирте

Сирте, Либија

НАТО извршува воздушни напади врз воени мети во Сирте, родното место на Моамер Гадафи во Либија, јавува германска новинска агенција . Во извештајот на агенцијата која се повикува на брифинг во НАТО е наведено дека дека се нападнати неколку воени објекти, контролни пунктови и ракетниот систем земја-воздух. Бунтовниците преговараат со Советот во Сирте за мирно предавање на власта. Командантот на бунтовниците Ал Мади Ал Харики изјави дека има потврдени информации дека синот на Гадафи, Хамис бил тешко повреден и во болница им подлегнал на повредите.