Бунтовниците бараат враќање на пребеганите членови на семејството на Гадафи

Сопругата и три деца на Моамер Гадафи побегнаа во Алжир. Алжирското министерство за надворешни работи соопшти дека тие вчера со автомобил пристигнале од Либија. Во меѓувреме, шефот на Преодниот национален совет Мустафа Абдел Џалил побара од алжирската влада да соработува и да ги предаде синовите на Гадфи доколку и тие се наоѓале во Алжир. Министерот за информации во Преодниот совет Махмуд Шамам изјави дека давањето засолниште на сопругата и децата на Гадафи се смета за акт на агресија против либијскиот народ.