Семејството на либискиот лидер Гадафи се наоѓа во Алжир

Либискиот лидер Моамер Гадафи

Сопругата и трите деца на либискиот лидер Моамер Гадафи отпатувале за Алжир. Според алжирското министерство за надворешни работи тие вчера со автомобил пристигнале во земјата и неделава ќе биде поднесено барање за нивна екстрадација.
Во меѓувреме бунтовниците соопштија дека Хамис, еден од синовите на Гадафи загинал во немирите во близина на Триполи на 27 август.