Бан Ки Мун бара итна акција против нуклеарното оружје

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун повика на итна акција за ослободување на светот од нуклеарно оружје и нуклеарни проби.
Бан изјави дека договорот за забрана за нуклеарно тестирање, кој е потпишан од 182 земји и ратификуван од 154 ќе стапи на сила кога 9 земји со нуклерна технологија, меѓу кои Кина , Иран и САД ќе го ратификуваат документот.