Басеску-реално да се гледа на капацитетите на Романија

Романскиот претседател Трајан Басеску

Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека неговата земја нема долго да издржи со 4,9 милиони пензионери и 4,2 милиони вработени, од кои 1,2 милиони државни службеници, односно во услови во кои треба да живее од тоа што го произведуваат три милиони лица.
Тој повика да се гледа реално во однос на капацитетите на земјата да ги исплаќа пензиите, платите, социјалните трошоци.
Според него Романија треба да се насочи кон рударската индустрија.