Временска прогноза-сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во западните подрачја ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од 26 до 36 степени.
Во Скопје и околината слично време, со температура до 34 степени.