Трише повика на брза акција за спас на Грција

Жан Клод Трише

Претседателот на Европската Централна Банка Жан Клод Трише денеска повика на брза акција за спас на Грција. Тој во своето денешно обраќање во Европскиот Парламент изјави дека европските влади треба да побрзаат со спроведувањето на договорот од 21 јули кој ќе и донесе втора рата од фондот за спас. Тој додаде дека економскиот раст во еврозоната е забавен, поради тезиите на финасиските пазари и незвесноста која и понатаму останува на високо ниво. Во првиот квартал годинава економскиот раст во еврозоната изнесува 0,8 проценти, додека во вториот тој е намален на 0,2 отсто.