Протестите за златните полиња во Киргистан повторно почнаа

Демонстранти во киргистанска провинција Нарјин нападале неколку вработени во кинеска рударска фирма. Протестите против рудаската акција во златните полиња на Булхул и Солтон Сари започнаа пред соборувањето на претседателот Курманбек Бакиев, минатата пролет. Демонстрантите бараат од властите да и дозволи на локална рударска фирма да ги извршува ископувањата.Властите начелно се согласиле да и дозволат но демонстратите тврдат дека им бараат мито за лиценцата. Пред неколку дена околу 400 демонстранти марширале во канцелариите на кинеската фирма, кога стражарите ипукале неколку куршуми во воздух за да ги уплашат, се свртеле и ги истепале стражарите. Тројца стражари сега се хоспитализирани.