Давитоглу: Сакаме Балкан во кој во мир живеат сите народи

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давитоглу изјави дека доколку на Балканот не се создаде вистински соживот може да се повторат случувањата од 90 тите години од минатиот век. Тој денеска во Сарево изјави дека Турција ги гледа сите балканските земји како свои соседи и за нив се важни добрите меѓусебни односи истакнувајќи дека е време за нова историја во која на Балканот ќе живеат луѓе кои не се скарани, растргнати и оддалечени едни од други. При денешната посета на БиХ Давитоглу најави дека ќе се сретне со членовите на Претседништвото и партиските лидери.