Хрватска верува дека е можно решение на спорот со името

Средба на Министерот за надворешни работи НР Никола Попоски со претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ во Загреб

Хрватска ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и верува дека е можен договор меѓу Скопје и Атина околу спорот со името. Ова денеска го изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Јандроковиќ по денешната средба во Загреб со неговиот македонски колега Никола Поповски. Јандроковиќ изјави дека Македонија треба да го следи нивниот пример, кој како што вели, подразбира сработување на поставените задачи за сигурен напредок кон ЕУ . Заклучокот од средбата е дека двете земји немаат нерешени прашања но има место да се подобри економската соработка.