Шефот на македонската дипломатија во посета на Хрватска

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.
Toj ќе биде примен од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по што ќе има средба со својот колега, министерот за надворешни работи и европски интеграции на Хрватска Гордан Јандроковиќ.
Попоски и Јандроковиќ ќе разговараат за билатералните односи и за соработката во рамките на европските и евроатлантските интеграции.
Хрватска е првата земја што ја посетува Попоски по неговото назначување на функцијата министер за надворешни работи.