Либиските бунтовници нема да го екстрадираат Меграхи

Меграхи на провладин митинг во Триполи на 26 Јули 2011

Либиските бунтовници соопштија дека нема да го екстрадираат Абдел Басет ал Меграхи, кој беше осуден за бомбашкиот напад над Локерби во 1988 година.
Министерот за правда на Преодниот Совет Мохамед ал Алаги изјави дека Меграхи веке беше осуден и нема повторно да му се суди.
Меграхи во 2009 беше помилуван затoа што бил болен од рак и беше вратен во Либија од Велика Британија каде служеше затворска казна.
Според репортер на Си Ен Ен тој бил на смртна постела.