Продолжуваат напорите за спасување на заробените кинески рудари

Звуци се слушаат од поплавениот кинески рудник во кој 22 работници се заробени од минатиот вторник. Медиумите јавија дека во понеделникот се слушнало тропање од цевка долга 280 метри која била избушена за снабдување на воздух до дното на илегалниот рудник во провинцијата Хеилонгјанг во северноистокот на Кина. Кинеската новинска агенција јави дека тројца рудари биле спасени во саботата а било извлечено и едно тело.