Илјадници либиски затвореници се ослободени

Бунтовник шета низ празен затвор во Триполи

Илјадници затвореници се ослободени од либиските затвори откако либиските бунтовници го зазамаа Триполи.Потпаролот на либиските бунтовници Ахмед Омар Бани изјави дека до сега околу 11 илјади затвореници се ослободени, но бројот на притворени луѓе во последниве неколку месеци изнесува речиси 60 илјади луѓе и се уште е непознато каде се тие луѓе што не се ослободени. Бани додаде дека ќе биде катастрофа доколку се открие дека исчезнатите затвореници се убиени. Битката за Триполи е речиси при крај, но се уште навечер може да се слушнат истрели од вооружени претстрелки во некои делови на градот, јавуваат новинските агенции. Претходно денеска потпаролот на Гадафи изјави дека Гадафи е подготвен да преговара , додека бунтовниците ја одбија таа понуда и побара тој да се предаде.