Ајрин од ураган во тропска бура

Ураганот „Ајрин “ што му се се заканува на источниот брег на САД го намали за едно скалило алармот за предупредување, односно Националниот центар за заштита од урагани соопшти дека невремето сега спаѓа во категорија „тропска бура “ поради намалената брзина на ветровите од 140 на 100 километри на саат. Но во нивното соопштение е наведено дека се уште станува збор за моќна бура која може да поплави делови од Менхетен. Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека времето за евакуација заврши и ги повик аграќаните да останат во своите домови додека не помине невремето. До сега загинаа над 11 луѓе.