Полицајци од Куманово криумчареле мигранти од Авганистан

Двајца полицајци од Куманово се осомничени дека криумчареле мигранти од Авганистан. Полицајците се приведени, откако нивните колеги откриле во комбе кое го возел еден од приведенте, биле сместени и тројца Авганистанци без документи за легален влез и престој во земјава. Против полицајците и уште еден човек што бил со нив е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело “Криумчарење на мигранти“, соопшти министертвото за внатрешни работи.