Турција, Русија и Арапската лига загрижени за Сирија

Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави денеска дека не разбира како инцидентите во Сирија завршиле, а потоа се дознава дека уште 17 луѓе загинале. Ѓул се прашува колку луѓе денеска ќе загинат, истакнувајќи дека сега мерките кон Сирија се малку задоцнети. Изјавата на Ѓул следува по извештаите на новинските агенции за битките во Хараста. Сириските власти не излегоа со коментар за случувањата во Хараста, но претходно ги демантираа наводите дека дел од војници дезертирале од армијата и се приклучиле на антивладините демонстранти.
Во меѓувреме Арапската лига најави дека ќе го испрати својот генерален секретар во Дамаск со иницијатива за разрешување на кризата.
Рускиот амбасадор во Обединетите Нации исто така најави дека „важна дипломатска делегација од Москва“ ќе пристигне утре во Дамаск.
Претходно и Иран го повика сирискиот претседател Башар Ал Асад да направи компромис.
Официјални претставници во Обединетите НАции тврдат дека повеќе од 2 илјади луѓе се убиени во последниве 5 месеци за време на антивладините протести