Одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица..Одбележувањето на празникот почна синоќа со вечерни богослужби и литургија во сите храмови на МПЦ, а продолжува денеска со посета на верниците на црквите и манастирите што го носат нејзиното име. Богородица се смета за заштитник на градот Скопје. Традиционално, масовен црковно-народен собир се одржува во манастирот во Долна Матка, a со литургијата ,ќе чиноначалствува архиепископот г.г. Стефан.