Хуманитарната криза во Либија се проширува

Мртви тела пронајдени ви близина на болница во Триполи

Хуманитарна криза во Либија ги зафати градовите каде што се водеа поголемите битки изминативе месеци меѓу лојалните сили на Моамер Гадафи и бунтовниците. Новинските агенции јавуваат дека жителите немаат лекови, гориво, храна, вода и струја, а во некои делови на градовите се гледаат и купишта ѓубре несобрано со месеци. Фоторепортерите во такви купишта наишле на остатоци од 50 мртви тела. Бунтовниците соопштија дека се уште се подготвуваат за напад на родниот град на Гадафи кој е на 450 километри од Триполи. Се уште е непозната локацијата на Гадафи.