Пакистан упати протесна нота до Авганистан

Пакистан протеститира против авганистанската влада поради вчерашните погранични напади при кои загинаа 25 пакистански војници. Пакистанското министертво за надворешни работи соопшти дека го повикале амбасадорот да ја прими протесната нота. Стотици милитанти вчера ја поминаа границата извршија серија напади во северозападната провинција во Пакистан. Бројот на загинати пакистански војници и полицајци се уште не е конечен.