Либиските бунтовници бараат хуманитарна помош

Либискиот лидер на бунтовниците Мустафа Џалил денеска во Бенгази на прес конференција побара итна хуманитарна помош за Триполи. Тој побара хуманитарните организации медициснка помош и основни намирници. Претходно британската влада најави итна хуманитарна помош за луѓето погодени од конфликтoт во Либија. Новинските агенции постојно известуваат за број на жртви пронајдени н улици или во напуштени болници. Во една болница во во Триполи се пронајдени мртви тела во распаѓање на околу 200 луѓе.