Пахор во приватна посета кај Тадиќ

.

Словенечкиот премиер Борут Пахор вечерва ќе се сретне со српски претседател Борис Тадиќ во приватна посета на Белград. Во соопштението од кабинетот на Тадиќ е наведено дека двајцата претседатели ќе разговараат за актуелните состојби во Западниот Балкан и дека тоа е дел од нивните редовни активности.
Новинските агенции во Словенија јавуваат дека посетата доаѓа по заострувањето на односите на Белград со Загреб поради неодамнешната посета на хрватската премиерка Јадранка Косор на Косово.