Мушараф ќе остане без својот имот во Пакистан

Первез Мушараф

Пакистанскиот суд нареди да се конфискува имотот на поранешниот претседател Первез Мушараф. Јавниот обвинител соопшти дека судот покрај конфискацијата наредил и да се замрзнат банкарските сметки на Мушараф во Пакистан. По Мушараф е отворена потерница поради сомнение дека е поврзан со атентатот на поранешната премиерка Беназир Буто. Обвинителите побараа да се покрене постапка против него поради неговиот неуспех да го обезбеди диволно местото каде што е извршен атентатот. Се уште не позната вредноста на средстваѕта кои ги поседува Мушараф во Пакистан, но познато е дека поседува неколку имоти во земјата.