Фенербахче осомничен за местење натпревари и понатаму ќе игра во Турција

Минатогодишните победници во Лигата на Шампиони

Турската фудбалска федерација го отфрли барањето на Лигата на шампиони, Фенербахче да биде исфрлен од турскиот врв поради скандалот со местење натпревари, јавува новинската агенција Асошиетед Прес. Федерацијата соопшти дека натпреварите во нивната лига ќе се оддржат според палнираното. Два дена претходно Фенербахче е исфрлен од Лигата на Шампиони поради политиката за нула толеранција на УЕФА за местењето на натпревари. Повеќе од 30 луѓе вклучувајќи го и претседателот на Фенербахче се уапсени поради истрагата за местење натпревари , која вклучува 19 натпревари кои беа одиграни минатата сезона.