Ураганот „Ајрин“ се доближи до брегот на Северна Каролина

Ураганот „Ајрин се приближи кон брегот на Северна Каролина, јавуваат метеоролозите.Националниот центар за набљудување на урагани во Мајами соопшти дека ветрови со брзина од 129 километри на час се забежани на крајбрежјето. ПО намалувањето на брзината на ветровите сега ураганот „Ајрин “ метеоролозите ја намалијата категоријата од втор на прв степен. Се очекува ураганот наскоро да го погоди источното крајбрежје во САД . Вашингтон и државите од Северна и Јужна Каролина до Мејн прогласија вонредна состојба и го очекуваат ураганот.