Директорката на УНЕСКО во посета на Македонија

Ирина Бокова

Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова ќе престојува во дводневна посета на Македонија по повод златниот јубилеј на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Министертвото за култура соопшти дека Бокова денеска ќе се сретне со со министерката Елизабета Канческа-Милевска а утре во рамките на „Струшките вечери на поезијата“ ќе има и свое обраќање на меѓународниот митинг на поезијата „Мостови“, а воедно ќе ја врачи и наградата на УНЕСКО за најдобар млад поет.