Собранието ги поддржа измените на Законот за патни исправи

Собранието на Република Македонија денеска ги поддржа измените и дополнувањата на Законот за патните исправи, кои се во функција на зачувување на визната либерализација и казнување на лицата кои ја злоупотребуваат, и заклучи дека се прифатливи и оти можат да се дадат во второ читање.
Претходно во расправата Цветанка Иванова од СДСМ потенцира дека нејзината пратеничка група ќе ја поддржи потребата од донесување на овој закон, но со единствена цел - побрза интеграција на Македонија во ЕУ.