САД со анемичен економски пораст во вториот квартал

U.S. -- The US Federal Reserve emblem is seen in Washington, DC , 08Aug2011

Цената на нафтата паѓа на пазарите по веста дека американската економија не порасна така како што се очекуваше. Официјално, економијата на САД, како што е денеска објавено, порасна за 1 насто во вториот квартер, а се очекуваа 1,3 насто. И покрај анемичниот пораст, економистите не очекуваат дека економијата повторно ќе влезе во рецесија. Германската економија пак пораснала за само 0,1 насто додека Франција во вториот квартал регистрира нулта економски пораст.