Македонија го призна Преодниот Национален Совет на Либија

Република Македонија ја признава легитимноста на Преодниот национален совет на либиските бунтовници, објави македонското Министерство за надворешни работи на својата веб страница.
- „Република Македонија, ја поддржува и се приклучува кон напорите и активностите на меѓународната заедница за имплементирање на целите на резолуциите 1970 и 1973 на Советот на безбедност на ОН. Република Македонија, на линија на позицијата на Европската унија, ги имплементира сите рестриктивни мерки кон Либија усвоени од страна на Советот на ЕУ. Република Македонија го признава Преодниот национален совет на Либија, како легитимен претставник на Либискиот народ и на Либија“,
се наведува во информацијата за надворешно-политичките приоритети и цели на Македонија поставена на вебот на МНР, во делот посветен на ситуацијата во Либија.