Во Иран годишни демонстрации против Израел

Махмуд Ахамдинеџад

Десетици илјади луѓе денеска маршираа во Техеран и во други градови во Иран на традиционалниот ден за солидарност со Палестина и против Израел. Претседателот Махмуд Ахамдинеџад, говорејќи на соодветната церемонија во Техеран, изјави дека во регионот нема да има место за Израел веднаш откако ќе биде создадена Палестинска држава. Тоа, според него, ќе биде првиот чекор за целосно ослободување на палестинците.