Jaнакиески: рокот за легализација не продолжува

Миле Јанакиески

Во Македонија од стапувањето во сила на Законот за легализација за нелегално изградени објекти до денеска се поднесени 169.928 барања за легализација, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески
повторувајќи дека рокот за поднесување барања за легализација, што истекува на 3 септември, нема да се продолжува. Тој ги повика градоначалниците да ги вклучат сите капацитети на општинските администрации за успешно спроведување на проектот за легализација на дивоградбите и примање што поголем број барања од граѓаните.