Напад на британски авиони врз родниот град на Гадафи

Британското министерство за одбрана соопшти дека британски авиони истрелале ракети врз бункер во Сирт, родниот град на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи. Тој исчезна во вторникот откако бунтовничките сили влегоа во неговото засолниште во Триполи. Бунтовниците сега напредувале кон градот Сирт. Во меѓувреме, Преодниот национален совет почна со преселувањето од Бенгази во Триполи. Западните медиуми јавуваат дека половина од раководството на бунтовниците сега се наоѓале во либијскиот главен град.