Киднапиран синот на убиениот пакистански гувернер Тасер

Подржувачи на убиениот гувернер Салман Тасер

Синот на поранешниот пакистански гувернер Салман Тасер, кој беше убиен од милитанти затоа што се противеше на законот против богохулењето, бил киднапиран во Лахоре.
Според полицијата, 4 лица го опколиле автомобилот на Шахбаз Тасер и го киднапирале. Засега никој не ја превзеде одговорноста. Неговиот брат изјави дека добивале закани од талибанците и други екстремни групи.