Ослободени се киднапираните италијански новинари во Триполи

Четворица италијански новинари кои беа киднапирани во Либија денеска се пуштени на слобода. Новинарите биле нападнати за време нивното патување од Завијах кон Триполи, при нападот загинал нивниот возач. Италијанските власти сметаат дека новинарите ги киднапирале лојалните сили на Моамер Гадафи и дека биле чувани во приватна куќа во Триполи. Италијанското министертво за надворешни работи не соопшти повеќе детали на нивното ослободување.