Арифи: Меѓународната заедница треба да даде олеснувачка нота во спорот со името

Средба на Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи со поранешните вицепремиери за евроинтеграции

Македонија покажала добра волја и така треба да продолжи но истото треба да се очекува и од грчката страна за решавање на спорот со името. Ова го изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи по денешната средба со нејзините претходници. Таа додаде дека одговорноста за ниту еден спор не може да лежи само на едната страна и дека земјава очекува партнерство од своите меѓународни пријатели кои, како што вели, треба да дадат олеснувачка нота на проблемот: Арифи очекува престојниот извештај од Европската Комисија за напредокот на Македонија да биде коректен и реално да ја прикаже состојбата во земјава.