Саркози во посета на Кина

Францускиот претседател Никола Саркози пристигна денеска во кратка посета на Кина. На разговорите со неговиот кинески колега Ху Џинтао се очекува да доминираат должничката криза во евро-зоната и обновата на Либија. Кинеските медиуми често повикуваат на конкретна акција за обновување на довербата на берзите во евро-зоната и во еврото.