УНХЦР бара помош за луѓето без државјанство

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации ги повика земјите во светот да им помогнат на околу 12 милиони луѓе кои не се признати како националност во ниедна земја. Високиот комесар за бегалци, Антонио Гутерес денеска изјави дека луѓето без државјанство се соочуваат со серија проблеми, односно не можат да се школуваат, немаат здравствена заштита, немаат домови ниту вработување. Најмногу вакви луѓе има југо-источна и централна Азија, во источна Европа и на Блискиот Исток. Само 38 земји досега ја потпишале конвенцијата за намалување на бројот на луѓе без државјанство.