Делегација на руската Федерална служба за контрола на наркотици во посета на Македонија

Делегација на Федералната служба за контрола и движење на наркотици од Руската федерација денеска е во официјална посета на Македонија. Најавено е дека директорот на Службата ќе се сретне со македонскиот министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Двајцата ќе потпишат спогодба за соработка против недозволената трговија со наркотични дроги и психотропни субстанци.