Стив Џобс си поднесе оставка од „Епл”

Ко-основачот на компанијата „Епл” Стив Џобс си поднел оставка од функцијата извршен директор, потврдија од гигантот за компјутерска опрема. Педесет и пет годишниот Џобс е на боледување од јануари годинава поради за сега необелоденети причини. Се знае дека извршниот директор на една од најпрофитабилните компании неодамна водеше битка со рак на простатата. „Епл” е позната во светот по „Мекинтош” компјутерите како и уредите за репродукција на музика ”Ај-Под” и мобилните телефони ”Ај-Фон”.