Богдановиќ: Србија не се откажува од институциите во Косово

Министерот за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ денеска изјави дека Србија нема да се откаже од своите институции на таа територија и дека ќе продолжи да ги обавува своите функции на северот и во другите делови на Косово. Тој додаде дека пораките за како што вели „ таканеречените паралелни институции“ се неприфатливи за Србите во Косово. Вчера германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Белград мора да ги подобри односите со Приштина и да гу укине паралелните структури во северниот дел, ако сака да стане кандидат за членство во Евроспката Унија годинава.