Награда од 1,3 милиони долари за главата на Гадафи

Новинарите кои беа држени во петдневна опсада од лојалистите на Моамер Гадафи се ослободени денеска попладне јавуваат новинските агенции. Се уште се водат битки во близина на резиденцијата на либискиот лидер , која вчера беше заземена од бунтовниците. Каде е Гадафи се уште не се знае,но во аудио пораката, која беше емитувана утринава тој изјави дека ќе се бори до крај. Либискиот бунтовнички совет соопшти дека ќе биде амнестиран оној лојален член на силите на Гадафи кој ќе го убие или зароби лидерот Гадафи. Неименуван бизнисмен понудил и награда за главата на Гадафи во вредност од 1,3 милиони долари.