Јужна Кореја и Узбекистан потпишаа договор од 4 милијарди долари

Минатата средба на претстедателите

Узбекистан и Јужна Кореја денеска потпишаа договор во вредност од 4,1 милијарди долари за проекти во енергетскиот сектор. Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак при дводневната посета на Узбекистан по потпишувањето на договорот за изградба на гасовод и петрохемиски комплекс изјави дека ова е почеток на менувањето на историјата на земјата.