Ивановиќ: Приштина провоцира

Државниот секретар во Министерството за Косово во српската влада Оливер Ивановиќ ги обвини властите во Приштина дека со денешното испраќање на извесен број специјалци на северот на Косово се обиделе да ја испровоцираат српската заедница. Ивановиќ, како што објави агенцијата Бета, изјавил дека специјалците тргнале кон Лепосавиќ под изговор дека одржуваат вежби, но оти за тоа не биле информирани ни Еулекс ни КФОР. Од друга страна, претставникот на косовското министерство за внатрешни работи Фисник Реџепи изјави дека министерството не презело никакви невообичаени активности на Косово.