Француските директори бараат поголеми даноци

Директорите на неколку најуспешни француски компании, вклучувајќи ги, Лореал, Тотал, Пежо, Ер Франс и Даноне, во заедничко писмо објавено денеска, бараат од владата да воведе поголеми даноци со цел намалување на финансиските проблеми на земјата. 16 директори наведуваат дека нивните фирми треба повеќе да придонесуваат за намалување на долгот на државата. Писмото е објавено пред денешното најавено презентирање на новите владини мерки за штедење.