Медведев на разговори со Ким Џонг Ил

Ким Џонг Ил, Дмитри Медведев во Бурјатија

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска одржува разговори со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ил. Руските медиуми известуваат дека разговорите почнале во воена база во близина на Улан Уде, главниот град на регионот Бурјатија. Главен фокус на разговорите, според извештаите, бил врз предлогот на Москва за изградба на гасовод низ севернокoрејската територија, како и врз стопираните шестпартитни разговори за контроверзната нуклеарна програма на Северна Кореа. Ким во саботата со специјален воз пристигна во Русија.