Бан Ки Мун побара помирување во Либија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побарал од шефот на либиските бунтовници Мустафа Абдел Џалил да се ангажира за помирување во Либија, поради ризикот од репресалии спрема силите лојални на полковникот Моамер Гадафи. Бан истакнал дека е неопходно постигнување национално единство, помирување и процес кој ги обединува сите страни. Тој најави дека за утре или задутре ќе свика самит за ситуацијата во Либија на кој ќе присуствуваат и лидери на Африканската унија и на Арапската лига, како и од други регионални организации.