Горан Хаџиќ вторпат ќе се појави пред Хашкиот трибунал

Горан Хаџиќ

Поранешниот лидер на Србите во Хрватска Горан Хаџиќ денеска по втор пат ќе биде изведен пред Хашкиот трибунал за да се изјасни по 14 точки од обвинението кое го товари за злосторства врз несрпското население во источна Славонија, Барања и западен Срем во 1991- 92 година. Во првото појавување пред судот Хаџиќ го одложи изјаснувањето за еден месец, на што имал право според правилата на судот.
Во времето опфатено со обвинението Хаџиќ беше премиер на српската автономна област Славонија, Барања и западен Срем, а подоцна и претседател на самопрогласената Република Српска Краина.