Уапсен осомничен за убиството на Ана Политковска

Високиот полициски службеник во пензија Дмитри Пављученков е уапсен вчера под сомнение дека го организирал убиството на руската новинарка Ана Политковска, јавија руските медиуми. Портпаролот на Истражниот комитет Владимир Маркин го потврди апсењето, додавајќи оти на Пављученков му било платено да го организира убиството.
Ана Политковска, остар критичар на руските власти и нивните избраници во Чеченија, е убиена во 2006 година во Москва. Еден осомничен за нејзиното убиство беше уапсен во мај годинава.