Шест руски војници загинаа во експлозија во магацин за муниција

Шест војници загинаа, а 12 се повредени во експлозија во магацин со муниција во една воена база на југот на Русија, во областа Астрахан. Експлозијата се случила за време на контролираното уништување и одлагање на старо оружје, јави агенцијата Интерфакс. Други детали за инцидентот засега не се познати.